Име на компанијата
ДТПУ Титан увоз-извор ДООЕЛ
Дејност
Маркетинг и дистрибуција на фармацевтски производи
Краток опис на компанијата
Титан увоз-извоз е приватна компанија која е основана 2002 година. Нашето мото е да станеме “партнер на аптеката” на самостојните приватни аптеки. Во текот на 2004 година „Титан“ увоз-извоз потпиша ексклузивен долгорочен договор со Pierre Fabre Dermocosmetic – Франција. Искуството, флексибилноста и одличното познавање на Македонскиот пазар, целокупната подршка и обуката што ја спроведе странскиот партнер на вработениот тим во „Титан“ увоз - извоз, овозможи истиот да стане лидер на дермокозметичкото поле во Македонија.
Контакти
Управител: Владимир Бајрактаров
Адреса: “Маршал Тито” бб, Струмица
Телефон: ++389 (0)34 34 90 90
Факс: ++389 (0)34 34 90 92
E-mail: vivax@mt.net.mk
Web site: www.titan.com.mk
Седиште на фирмата: “Маршал Тито” бб, Струмица, Македонија
Производи / Услуги
Ние вршиме промоција и дистрибуција на македонскиот пазар на производи од следниве брендови: Eau Thermale Avène, Galenic Elancyl, Klorane, Ducray и A-derma Следниот чекор за компанијата ќе биде започнување со дистрибуција и маркетинг на лекови.
Една од приоритетните услуги што ги нуди Титан увоз-извоз е промовирањето на идеи и подршка за менување на внатрешниот ентериер на новоотвотените аптеки или веќе постоечките како и нудење на купопродажни совети од областа на фармацијата. Титан увоз – извоз е единствената фирма која нуди ваков тип на услуги на македонскиот пазар.
Инфраструктура
Број на вработени: 6;
- Управител - менаџер, ги согледува сите аспекти од бизнис работењето, одговара за увозот на производите, продажба и маркетинг, дистрибуција и односот со деловните клиенти.
- еден, асистент на управителот - менаџерот, дипл. Економист. Одговорен за истите работни задачи како и управителот.
- тројца, дипл. фармацевти, полно работно време, како медицински презентери – обучувачи;
- еден, полно работно време, дистрибутер, грижејќи се производите да се наоѓаат на предната полица и за останатите продажни активности
Опрема:
- целокупно потребната ИТ опрема
- четири автомобили, за менаџерот и застапувачите
- едно комбе за дистрибутерот
