
CELLU-REVERSE
Новост во слабеењето од Elancyl
Благодарение на темелното знаење и искуство со масните клетки, Elancyl Лабораториите развија нова генерација на анти-целулитен препарат за слабеење, базиран на еден досега неиспитан, моќен механизам на согорување на мастите.
НОВА ТЕХНОЛОГИЈА НА СЛАБЕЕЊЕ
- UCP протеините, кои се наоѓаат во масните клетки, природно се програмирани да го активираат согорувањето на мастите. Elancyl Лабораториите откријаа нова активна состојка за слабеење, Ксантоксилин, кој делува со активирање и зголемување на основното дејство на овие протеини; со тоа се зголемува согорувањето на несаканите телесни масти и се блокира складирањето на нови. Како резултат на тоа, оваа активна состојка го стимулира механизмот на согорување на мастите и има вистински зголемен ефект врз слабеењето.
- Неговото дејство е засилено со кофеин-флоридзин комлексот, што помага во потрошувањето на залихите од складираните телесни масти наутро и блокирање на складирањето на мастите во текот на ноќта. Покрај ова, дренирачкиот комплекс ги собира ткивата и овозможува елиминација на водата и токсините. Најпосле, НМС го овозможува подобрувањето на тонусот и еластичноста на кожата.
- Новата генерација на хроно-програмирани формулации за слабеење овозможува, со една апликација, таргетирана и континуирана дифузија на активните состојки, а со тоа и поголем ефект во слабеењето.
- CELLU/REVERSE е многу примамлив и извонредно освежителен крем-гел, со интензивна хидрирачка моќ, кој ја прави кожата видливо помека, поеластична и деликатно парфимирана.
ДОКАЖАН ЕФЕКТ НА СЛАБЕЕЊЕ за само 14 дена
Ефектот по 14 дневна апликација е:
- Намалување во сантиметри (-82%), на колковите и бедрата (1)
- Израмнување на видливите грутки до 90%, а со тоа и ремоде-лирање и редизајнирање на телесните контури (2)
- Цврста и тонирана кожа, еластична и интензивно хидрирана (3)
Со CELLU/REVERSE, силуетата е редизајнирана, истенчена и видливо ослободена од целулитот.
Упатство за употреба
Нанесувајте по една доза (две вшприцу-вања) CELLU/REVERSE, еднаш дневно, наутро, во тек на 14 дена, на местата кои сакате да ги третирате: колкови, бедра, задница. Масирајте со кружни движења, во правец на стрелките на часовникот, се додека препаратот не се апсорбира целосно. За подобра подготовка на телото и зголемено дејство на CELLU/REVERSE, користете ја КУПКАТА ЗА БАЊАЊЕ СО ПИЛИНГ ЕФЕКТ од ELANCYL, 2 до 3 пати неделно.
