
KELUAL-DS Crème
Келуал-ДС крем - Керато-редуцирачки и смирувачки
Го намалува црвенилото и иритацијата. Ги елиминира лушпите.
Карактеристики
Карактеристики: Специјално формулиран за третман на иритирани и сквамозни кожи (себороичен дерматит), посебно на лицето (околу веѓите, околу ноздрите, линијата на косата). Активните состојки овозможуваат дејство кај себо-сквамозните состојби на кожата кај возрасни:
- Елиминација на сквамите (лушпите) со комбинирано дејство на Келуамидот, кој го забрзува пукањето и чистењето; и Гванидин глуколатот, кој ги отстранува нечистотиите и мртвите клетки од кожата.
- Чистачко дејство на патентираниот октопирокс-кротамитон комплекс, кој ја инхибира пролиферацијата на Malassezia габите, вклучена во оваа индикација.
- Смирувачки ефект на црвенилото и иритациите, благодарение на Келуамидот
Содржи два антимикробни агенси: Ciclopirox Olamine и Pyrithione Zinc, клинички докажано ефикасни против Malassezia, тип на габичка (најчестион причинител на перут).
Нанесен секојдневно, Келуал-ДС кремот ги намалува проблемите поврзани со себо-сквамозни кожи.
Келуал-ДС е исклучиво пријатен за употреба благодарејќи на неговата кремаста текстура и деликатниот мирис. Развиен и клинички терстиран под дерматолошка контрола.
Упатство за употреба
Кај себо-сквамозни состојби (себороичен дерматит) на лицето, со или без иритации и црвенило: нанесете наутро и навечер после миење со соодветен чистач (пример A-derma Gel Moussant, без сапун). Подобрување на состојбата на кожата се забележува после една недела, но третманот треба да продолжи за да се задржат добиените одлични резултати.
