
EXOMEGA Creme
ЕКСОМЕГА крем за лице и тело
емолиентен крем со Омега-6 и Витамин Б3
Индикации
Атопичен дерматит, екзема, кај бебиња-деца-возрасни.
Карактеристики
Благодарение на екстрактот од Rhealba® овес, богат со полифеноли, го регулира ослободувањето на супстанции кои прават иритации на кожата.
- Есенцијални Омега-6 масни киселини од природно потекло и Витамин Б3, кој стимулира синтеза на церамиди. И двете компоненти помагаат во обновување на кожната бариера. Уште повеќе, Витамин Б3 ја штити кожата од микробна контаминација.
- Ја намалува сувоста на кожата, благодарение на исклучителните навлажнувачки и емолиентни карактеристики.
- Ја смирува иритацијата, со што го намалува боцкањето и чувството на неудобност.
- Го зајакнува природниот одбранбен систем на кожата и штити од надворешни влијанија. Така кожата е повторно еластична, мека и целосно удобна.
Упатство за употреба
Се нанесува два пати дневно (после употреба на Ексомега гелот за миење, нежено и без-сапун средство за хигиена) на сувите места на лицето и телото. Нежно масирајте додека нанесувате: децата поосебно ќе уживаат во моментите на милување, што секако ќе има подобар ефект на состојбата на кожата. Да не се нанесува на места кои испуштаат секрет.
Rhealba® овес од А-ДЕРМА
Избран заради неговите смирувачки и не-иритирачки карактеристики, пред и над повеќе од 80 различни вида, овој овес се одгледува под строго контролирани услови. Неговите екстракти, карактеризирани со нивната екстремна чистота, ги прават А-ДЕРМА производите целосно безбедни за употреба и го осигуруваат нивниот константен квалитет и ефикасност. Токму заради ова, производите на А-ДЕРМА се првиот избор на дерматолозите и педијатрите.
