
SHAMPOO GRENADE
Шампон од екстракт од калинка
Фарбана коса
Сите KLORANE растенија се одбрани по признатите дејства и безбедност за употреба. Заради гарантирање на квалитетот тие се одгледуваат под многу стриктни норми, т.н. „ KLORANE процедура за истражување на растенијата“. Екстрактите од растенијата, согласно со научниот пристап на фармацевтската индустрија, имаат специјално создадени и дозирани активни супстанции, со што се обезбедува константна ефикасност.
Уште старите египјани калинката ја користеле како овошје кое ја зголемува плодноста и среќата. KLORANE екстрактот од калинка е богат со танини, што овозможува фиксирање на бојата на кератинот, па бојата трае уште подолго.
Способноста за фиксирање на бојата е помогната од заштитни, репарирачки и хранливи активни состојки. Овој шампон го репарира влакното на косата и ја прави бојата потрајна. Хипоалерген производ*.
Упатство за употреба
Шампонот се нанесува еднаш и се плакне темелно. Во случај на контакт со очите добро се плакне.
